Фудбалски власти

На 18ти февруари 2012 година, Фудбалската Асоцијација на Англија (ФА) го лансираше својот Акционен план за вклучување на ЛГБТ луѓето во фудбалот, 2012-2016: Opening Doors and Joining In.

Планот ја утврдува работата на ФА во шест области: едукација, видливост, партнерства, препознавање, известување и мониторинг. Во планот ФА ја изразува својата поддршка за FvH и намерата да ја користи кампањата како видлив механизам за да го промовира вклучувањето на ЛГБТ луѓето.

ФФМ против дискриминацијата во фудбалот

Од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги охрабруваат навивачите да им се придружат во нивните напори за вреднување на респектот кон играчите, официјалните лица, противниците и останатите навивачи од сите националности, религии, сексуална ориентација и етничко потекло.

„Повеќе од 10 години работиме заедно со ФАРЕ мрежата и ќе продолжиме да се залагаме за единство во фудбалот“, изјави генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски, на прес-конференцијата што се одржа во октомври 2015 година во рамки на ФАРЕ Акционата недела за борба против национализмот и расизмот во фудбалот, која по 15-ти пат ја организираа Македонскиот центар за култура и развој и ФФМ.

Фото: виа ФФМ
Фото: виа ФФМ

Во рамки на членството во Унијата на европските фудбалски асоцијации (УЕФА), ФФМ е обврзана да се грижи за развојот на играта и за надминување на сите видови нарушувања. ФФМ активно учествува во програмата на УЕФА против расизмот и дискриминацијата во фудбалот и континуирано се залага за искоренување на насилството, национализмот и секаков вид на дискриминација на фудбалските терени.

Како да започнете

Постојат едноставни нешта кои можете да ги направите за да се вклучите во ширењето на нашата порака:

  • Следете нѐ и промовирајте нѐ користејќи ги социјалните мрежи
  • Регистрирајте се за добивање на нашиот квартален билтен
  • Испратете им информации за FvH на вашите тимови, лиги и судии
  • Поставете банер за кампањата на вашата веб-страница
  • Опремете ги вашите вработени со нашата брендирана опрема
  • Одржете настани за одбележување на FvH месецот на акција (февруари)

Ресурси кои можат да ви бидат од помош

На грасрут ниво „ФУДБАЛОТ ПРОТИВ ХОМОФОБИЈАТА“ (FvH) има три цели:

  • да им помогне на постоечките фудбалски структури да бидат пријателски настроени, безбедни и инклузивни за сите, вклучително лезбијките, геј мажите, бисексуалните и трансродовите (ЛГБТ) луѓе
  • да креира нови можности за ЛГБТ луѓето да се вклучат во фудбалот; и
  • да ја подобри репрезентацијата на ЛГБТ луѓето преку фудбалот.

Во посебен дел на веб-страницата се лоцирани линковите за преземање на ресурсите на македонски јазик, додека во продавницата можете да ги погледнете брендираните продукти за домашниот пазар.