Фудбалски клубови

ПРОФЕСИОНАЛНИ КЛУБОВИ

„ФУДБАЛОТ ПРОТИВ ХОМОФОБИЈАТА“ (FvH) е моќен и препознатлив транспарент кој може да ви помогне во заземањето јасен став против хомофобијата, постигнувајќи промена на долги стази преку едукација.

Што му нудиме на вашиот клуб?

Ние веруваме дека креирањето одржлива промена во фудбалот подразбира да се работи на три нивоа:

  • Политики и процедури – да се осигура дека сите фудбалски клубови имаат политики и процедури кои се инклузивни за лезбијките, геј мажите, бисексуалните и трансродовите луѓе
  • Образование – да се осигура дека сите фудбалски клубови имаат добро разбирање на проблемите, предизвиците и потребите на засегнатите страни, како и решенијата кои произлегуваат од најдобрите практики за справување со хомофобијата и трансфобијата во спортот
  • Комуникација – да се осигура дека сите засегнати страни ги поседуваат потребните средства за да заземат јасен и видлив став против хомофобијата и трансфобијата во нивниот клуб и промовираат вклучување на лезбијките, геј мажите, бисексуалните и трансродовите луѓе во фудбалот

Досега имаме соработувано со фудбалски клубови од Премиер лигата на Англија како што се Кристал Палас, Арсенал, Ливерпул, Манчестер Сити, Вест Хем и многу други. Нашата експертиза вклучува:

  • Ангажирање на засегнатите страни;
  • Совети и насоки;
  • Познавање од најдобрите практики во светот;
  • Тренинг на бордови, директори, вработени, обезбедување, играчи (сениори и јуниори);
  • Комуникациски методи и ресурси.

Постојат повеќе нивоа на кои вашиот клуб може да се вклучи во кампањата и да ги искористи нашите ресурси. Контактирајте нѐ на нашата е-пошта за да дознаете како можеме да соработуваме со вас.

Февруарски активности против хомофобијата во фудбалот

Кампањата која традиционално ја спроведуваме во февруари како месец на акција овозможува фокус на интернационалното обединување против хомофобијата и трансфобијата во фудбалот, каде засегнатите страни можат да ги презентираат нивните активности за долгорочна промена. Поради тоа што кампањата е релативно млада, исклучително важно е да се направи глобална мобилизација на координирано внимание за да се подигне свеста на луѓето за проблемот. Постојат низа нешта кои можете да ги направите за да се клучите во месецот на акција против хомофобијата и трансфобијата во фудбалот:

  • Промовирајте ја кампањата преку социјалните мрежи
  • Поставете банер за кампањата на вашата веб-страница
  • Истакнете го нашиот транспарент на видни места околу теренот
  • Посветете го денот на натпреварот на FvH вклучувајќи:
    – известување за кампањата преку разглас
    – промоција на кампањата во програмата за натпреварот
    – брендирана опрема од кампањата за играчите, менаџерите и вработените: маички за загревање, ленти за на рака за време на натпреварот, беџови за пресови пред и по натпреварот
    – рекламни паноа на спортското игралиште со информации за кампањата
    – изградете линкови со вашите локални ЛГБТ организации
    – повикајте ги вашите фанови да се инволвираат во кампања

ГРАСРУТ КЛУБОВИ

Дали играте аматерски фудбал? Заедно со вашиот тим, и вие можете да придонесете за промена на менталитетот. Фудбалот против хомофобијата има за цел да го направи грасрут фудбалот пријатно и инклузивно место за сите луѓе, без оглед на нивната сексуална ориентација или родов идентитет.

Можете да направите многу нешта како грасрут играчи за да ја поддржите нашата иницијатива.

  • посветете натпревар на нашата кампања против хомофобијата во фудбалот, објавете статија во програмата на натпреварот или на интернет и испратете соопштение до медиумите
  • поддржете нѐ користејќи ги социјалните мрежи
  • набавете за вашиот клуб од нашите брендирани маички и други промотивни продукти
  • вклучете се во настани во рамките на нашата кампања организирани во вашата земја