Фудбалски фанови

Еве неколку лесни чекори кои може да се преземат од страна на фудбалските поддржувачи за да ѝ се помогне на интернационалната иницијатива „ФУДБАЛОТ ПРОТИВ ХОМОФОБИЈАТА“ (FvH) во моментов:

  • Контактирајте ги лицата за односи со јавност на вашите клубови и прашајте ги што прават тие за да ја поддржат кампањата FvH. Информирајте ги што вие правите и побарајте од клубот да ве поддржи.
  • Одржете состанок со членовите на вашата навивачка група за да разговарате околу вклучување на ЛГБТ лицата и справување со хомофобијата во фудбалот (можеме да испратиме наш говорник).
  • Контактирајте некоја ЛГБТ организација и побарајте да ги поддржи вашите планови за FvH.
  • Искористете ги социјалните мрежи за да ги покренете овие прашања со другите фудбалски фанови – следете нѐ на Twitter и Facebook и бидете во тек со најновите вести поврзани со кампањата.
  • Секогаш реагирајте кога ќе забележите хомофобија и трансфобија. Доколку се чувствувате подготвени самите да се справите со хомофобични коментари или однесување, спротивставувањето на хомофобијата може да помогне фудбалот да стане место каде сите ќе бидат добредојдени. Ако не се чувствувате пријатно или безбедно на некој натпревар или во некое фудбалско опкружување, можете да преземете акција поднесувајќи пријава за вербално или физичко насилство врз ЛГБТИ!

Запомнете, премолчувањето само овозможува дискриминацијата и предрасудите да растат!