Препораки од панел-дискусијата за „Справување со хомофобијата во македонскиот фудбал“

Здружението за културен и медиумски активизам КВИР СКВЕР од Скопје, кое стои зад интернационалната иницијатива „Фудбалот против хомофобијата“ во С. Македонија, ја организираше првата национална тркалезна маса во земјата на тема справување со хомофобијата во фудбалот и адресирање на антигеј јазикот што често се користи во овој спорт. На панел-дискусијата, која се одржа на 26 февруари 2018 година во ЕУ ИнфоЦентарот во Скопје, присуствуваа претставници од невладиниот сектор, Мрежата ФАРЕ, УЕФА, ФФМ, како и претставници од извршната и законодавната власт и други, вклучително тренери и судии, кои поразговараа за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат ЛГБТ+ луѓето во фудбалот – на стадионите, на теренот, во соблекувалните. Дополнително, го дисеминиравме прирачникот на кампањата „Фудбалот против хомофобијата“ на македонски јазик, а наменет за употреба од страна на фудбалските фанови, клубови и власти. Подолу можете да ги погледнете и преземете препораките од панел-дискусијата.

Сите материјали поврзани со панел-дискусијата (програма, соопштение за медиуми, фотографии и видео снимка од целиот настан) се достапни на веб-сајтот на КВИР СКВЕР со клик овде.