За нас

Фудбалот против хомофобијата (FvH) е меѓународна иницијатива за борба против дискриминацијата врз основа на сексуалната ориентација, родовиот идентитет или родовата експресија на сите нивоа во фудбалот. Би сакале фудбалот да заземе јасен став против хомофобијата и трансфобијата, за да може секој да ужива во прекрасната игра и фудбалот да стане предводник на патот до отстранување на дискриминацијата и предрасудите врз основа на сексуалната ориентација и родовиот идентитет.

Дознајте повеќе околу тоа што ние правиме за да се справиме со овие проблеми и едноставните нешта кои вие можете да ги направите за да се вклучите.

Како меѓународна иницијатива, Фудбалот против хомофобијата се вклучува во спроведување кампањи, советување и упатување, истражување, разгледување на политиките и градење капацитети за да ги направи постојните фудбалски структури безбедни, приемчиви и инклузивни за ЛГБТ луѓето, да создаде можности и да промовира вклучување на ЛГБТ луѓето во фудбалот на сите нивоа и во сите облици, да ја подобри застапеноста и видливоста на ЛГБТ луѓето во фудбалот, и да го воздигне фудбалот во општеството како алатка за создавање позитивни промени.

Работејќи заедно во сите слоеви на фудбалот можеме да направиме разлика.

Историјат на кампањата

Иницијално, Фудбалот против хомофобијата беше осмислена и започната од Кампањата Џастин во 2010 година. Оваа кампања, управувана од мала волонтерска фудбалска група, беше основана во 2008 година за да ја подигне свеста за распространетоста на хомофобијата во фудбалот и да укаже на нејзиното постоење, како во аматерскиот, така и во професионалниот фудбал, десет години по трагичното самоубиство на фудбалерот Џастин Фашану во 1998 година. Како акции за подигнување на свеста, кампањата стави силен акцент врз уметноста, културните настани, образованието и фудбалот.

Во 2012 година, британската oрганизација Прајд Спортс ѝ се придружи на Кампањата Џастин за да помогне во спроведување на Фудбалот против хомофобијата, додека во 2014 година организацијата целосно го презеде спроведувањето на кампањата.

Доколку вие или вашата организација/компанија би сакале да добиете повеќе информации за кампањата и да дознаете повеќе околу начините на кои можете да се вклучите, контактирајте нѐ со испраќање порака на нашата e-пошта info[@]fvh.mk

Поддржувачи во 2018 година

ЛГБТфобија

Хомофобијата опфаќа низа негативни ставови и чувства кон луѓето кои се идентификуваат или перципираат како лезбијки, геј мажи или бисексуалци. Трансфобијата, пак, како термин, се користи за опис на низа негативни ставови или однесувања кои едно лице може да ги изрази кон трансродовите лица или кон оние кои се перципираат како такви.

Изразите „хомофобијата во фудбалот“ или „трансфобијата во фудбалот“ честопати се користат без да ја дефинираат природата на ЛГБТ-фобијата. Ние тргнуваме од разбирањето дека хомофобијата и трансфобијата не се еднородни појави, кои на ист начин се доживуваат од сите ЛГБТ лица учесници во спортот. Веруваме дека хомофобијата и трансфобијата може да се манифестираат на различен начин во различни фудбалски контексти и култури - од неприфаќање на ЛГБТ учесниците, па сè до директно вербално и физичко насилство.

Онлајн анкета на магазинот QUEER.MK од февруари 2017 година покажа дека 34% од анкетираните биле жртва или сведок на хомофобично однесување на некој фудбалски настан.

Како да се вклучите

Фудбалски фанови

Фудбалски клубови

Фудбалски власти

Контактирајте нѐ